(ФОТО) Подводни терени за тенис во Дубаи

Полскиот архитект Кристоф Котала, во моментот работи на неверојатен проект за кој се надева дека во блиска иднина ќе најде заинтересиран инвеститор.

Котала има намера во близина на брегот да изгради подводни терени за тенис. Архитектот веќе го завршил иницијалниот дизајн, но вели дека мора да се направат напори за да се привлечат инвеститори кои ќе вложат значајни суми во овој мегапроект.

Underwater-Tennis-4

Се’ уште не сум нашол инвеститори, но сметам дека ова е одлична идеја која ќе привлече интерес“, вели Котала за Arabian Business.

Ова е нешто сосема оригинално и би требало да биде изградено некаде каде постои тениска традиција, како што е Дубаи на пример“, вели Котала.

2

Според него, идејата има силен потенцијал затоа што се работи за комбинација од технологија, екологија и спорт.

До сега во Дубаи се планирани изградби на неколку подземни објекти, а оваа недела беа соопштени и детали за вилите кои се планира де изградат под море. Имено, се работи за плутачки објекти кои би имале еден спрат под вода. Според Kleindienst Group, за ваква комбинација од вила и јахта, ќе треба да се издвојат 1,36 милиони долари.

Underwater-Tennis-Dubai-Reef-Location


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »