(ФОТО) Магичната Кападокија

Една од најинтересните дестинации во Турција се наоѓа во Централна Анадолија.

1

Кападокија е навистина чудесно место, со неверојатни камени куќи, чудни вулкански оџаци и подземни градови, а секоја година привлекува огромен број на туристи. Уште од античко време го носи своето име, а од 1985 година е под заштита на УНЕСКО. Покрај необичните и впечатливи вулкански пејзажи кои ja отсликуваат магијата на природата во овој регион, заштитен знак на Кападокија се и балоните, како неизбежна атракција која туристите задолжително мора да ја пробаат. Бројните организатори имаат осмислено тематски тури за летање со балон, нудејќи шампањ, кавијар и други луксузни погодности за незаборавно доживување. Друга интересна знаменитост се подземните градови, создадени длабоко во вулканските карпи од древните жители на ова место, а со цел да се сокријат од дивите животни и суровите временски неприлики. Постојат околу 40 подземни градови, но само шест се отворени за посетителите. Пред илјада години, Кападокија ја населиле и христијаните, при што изградиле мноштво цркви, капели и манастири во карпите, а кои постојат и ден-денес, сведочејќи за богатото минато на оваа дестинација. Патувањето и истражувањето на Кападокија е искуство кое се памети целиот живот.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »