(ФОТО) Хотел Титаник – бисер на медитеранскиот брег

Оние кои на себе можат да си дозволат сместување во Титаник, сигурно засекогаш ќе го паметат фантастичниот поглед од луксузниот апартман. Сон од кој не сакате да се разбудите!

1

Медитеранскиот брег на Турција дефинитивно има свој бисер – Хотел Титаник!

Огромниот, луксузен хотел, изграден по модел на светски познатиот брод, се наоѓа во Анталија, а го опкружува долга песочна плажа, приватна плажа која исто така го носи името Титаник.

2

Самиот хотел е опкружен со базен, налик на брод кој плови по отворено море, а насекаде околу него се и белите шатори со лежалки.

Титаник, кој гордо ги носи своите 5 ѕвездички, на посетителите им нуди широк спектар на активности за забава, релаксација и рекреација, вклучувајќи спа, интернационална кујна, како и авантури на вода, со оглед на тоа што во рамки на хотелот постои и мини аква-парк.

3

Благодарение на местоположбата на хотелот (се наоѓа помеѓу песочните плажи на округот Лара), сите соби имаат поглед на море. Оние кои на себе можат да си дозволат сместување во Титаник, сигурно засекогаш ќе го паметат фантастичниот поглед од луксузниот апартман, што е уште една од одликите на овој раскошен хотел.

4

Внатрешноста на хотелот е исто така инспирирана од приказната за Титаник, овозможувајќи им на гостите да се чувствуваат како аристократите од тој период, а толку е верно направено се’, што во на една од пространите тераси дури стојат реплики на чамците на спасување.

5


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »