Formula 1: Хамилтон стави печат на сезоната


Хамилтон извозе уште една исклучителна трка во Абу Даби и стигна до 73. триумф во кариерата, 11 во сезоната зад нас, а рекордна за Британецот.

Ds25z_UX4AAvozv

Британецот уште порано пред последната трка веќе ја имаше обезбедено петтата титула во кариерата, со која се изедначи со Хуан Мануел Фанџо, па пред него сега е само Михаел Шумахер со седум.

Луис Хамилтон во Абу Даби го бодреше неговиот голем пријател, актерот Вил Смит, кој беше гостин во боксот на Mercedes, а овој му врати со одличен настап – уште во раната фаза од трката тој влезе во боксот по ултрамеки гуми, се врати како шести, а потоа само чекаше да му се отвори патот кон лидерската позиција. Тоа се случи на 20-тина кругови пред крајот, по што Хамилтон само ја одржуваше предноста пред останатите.

Зад Хамилтон останаа Себастијан Фетел и Макс Ферестан, додека најдобрата десетка ја дооформија уште Рикардо, Ботас, Карлос Саинц, Леклер, Серхио Перес, Роман Грожан и Кевин Магнусен.

Трката во Обединетите Арапски Емирати беше исклучително интересна во првиот и доста неинтересна во вториот дел, а почна со стравичниот судар на Нико Хулкенберг, кој по контактот со Грожан, како катапултиран се одби и двапати се преврте. За среќа, остана повреден, а новиот систем за заштита на возачот веројатно му го спаси животот.

За да трката барем во одредени делови биде интересна се погрижија Ферстапен, Ботас, Леклер и Саинц, а оваа трка ќе остане запаметена и по неколку детали – двојниот шампион Фернандо Алонсо се повлече од Formula 1 (трката ја заврши на 11. место), Кими Раиконен поради проблем со електрониката не го заврши последниот настап за Ferrari, a Даниел Рикардо го успешно го затвори поглавјето наречено Red Bull.



Skopje ID
[fbcomments]
Translate »