FIAT најавува редизајн на моделот 500X


По минатогодишното „затегнување на борите“ на моделот „500L“, „FIAT“ во 2018-та ќе редизајнира уште еден автомобил од семејството „500“.

img

Кросоверот „500X“ е претставен во 2014-та, па италијанскиот производител процени дека дојде време за редизајн на возилото кој дели механичка платформа и мотори со моделот „Jeep Renegade“.

„Renegade“ веќе мина низ процес на редизајн, претходно во оваа година, а „FIAT“ ќе го стори тоа наскоро и со моделот „500X“.

Fiat-500X_2015_C01

Пред официјалната премиера, италијанскиот производител објави „тизер“ фотографија на која се гледаат мали промени на предниот дел на автомобилот, вклучувајќи ги и фаровите. Главните предни светлосни групи ќе имаат интегрирани „LED“ светла во форма која потсетува на очи. Обновени се и светлата за магла и трепкачите.

Палетата на мотори најверојатно ќе биде иста како и кај редизајнираниот модел „Jeep Renegade“, па треба да се очекува трицилидарски 1.0-литарски турбо бензинец со 120 ks (88 kW) и 190 Nm, како и 1.3-литарски четирицилиндарски аграгат во верзии со 150 ks (110 kW) и 180 ks (132 kW), двата се со по 270 Nm максимален вртежен момент.

Засега не е познато кога „FIAT“ официјално ќе го претстави редизајнот на моделот „500X“, со оглед дека овој производител најверојатно ќе го прескокне есенскиот саем за автомобили во Париз.

18938


Skopje ID
[fbcomments]