Федерер ќе доминира и во 2018


31-годишниот Рафаел Надал го зголеми водството на рејтинг-листата по победата на УС опен во неделата, а 36-годишниот Федерер загуби во четврт-финалето од Хуан Мартин дел Потро. И покрај ова, Кеш вели дека Федерер може да доминира.

137965-kesh-federer-kje-dominira-i-vo-2018

„Ако го одземете Ролан Гарос од равенката, Федерер е најдобриот ол-раунд играч на светот. Нема сомнеж во тоа. Тој е фаворит секаде освен на Ролан Гарос. Доколку биде подготвен како оваа година, ќе биде фаворит и во Мелбурн и во Лондон и во Њујорк“, вели Кеш.

Надал со победата дојде до својот 16. гренд слем трофеј, и сега има три помалку од рекордот на Федерер, откако двајцата ги поделија трофеите во 2017 – Надал на Францускиот опен и на УС опен, а Федерер на Вимблдон и на Австралискиот опен.

„Дали Надал ќе го фати рекордот на Федерер? Не знам дали воопшто му е грижа за тоа. Ние сме опседнати со бројките, но мислам дека Рафа е среќен што се натпреварува за големите титули“, додава Кеш.


Skopje ID

Коментирај