Евтанизирани 126 бездомни кучиња од 1 јануари


Службата за хуман третман на бездомните животни при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје информира дека од почетокот на годината па до 31 мај заловила вкупно 591 бездомно куче од улиците на градот Скопје.

fish4dogs2016-dogs

Вкупно 371 од овие кучиња биле сместени во стационарот „Вардариште“, каде од ветеринарна екипа биле прочистени од внатрешни и надворешни паразити и стерилизирани, по што биле одбележани со ушна маркичка. Вкупно 94 од овие кучиња биле вдомени за време на својот престој во стационарот „Вардариште“. Останатите кучиња биле вратени на истата локација од каде што биле заловени.

Вкупно 126 од заловените кучиња во тој период биле евтаназирани, затоа што кај нив ветеринарната екипа констатирала прекумерна агресивност или болест, односно тие би претставувале опасност за безбедноста на граѓаните доколку бидат вратени на улиците, велат од Службата за хуман третман на бездомните животни при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и нагласуваат дека во јануари не се вршеле медицински третмани на заловените животни поради лошите временски услови.


Skopje ID

Коментирај