Едноставна торта со 3 видови чоколадо

Подгответе чоколаден десерт без печење и уживајте.

9e9df98ca10af1ee5f30743a446fd8cc
Ги обожуваме десертите кои се лесни за подготовка и тоа без печење. За таа намена, ви претставуваме рецепт за совршена торта со три видови чоколадо, за која е потребно малку трпение и време, а резултатот е симфонија на вкусови која ја создава секој сладок кат од тортата со својот специфичен тон.

Состојки

• 600 мл слатка павлака
• 150 гр темно чоколадо
• 200 гр бело чоколадо
• 200 гр млечно чоколадо
• 1 шолја мелени бисквити
• 3 лажици путер

Начин на подготовка

Растопете го темното чоколадо и измешајте го со 200 мл слатка павлака. Оставете го еден час во фрижидер да се олади. Во вториот сад растопете го белото чоколадо со 200 мл слатка павлака и ставете го во фрижидер. Во третиот сад растопете го млечното чоколадо со 200 мл слатка павлака и исто така оставете да се олади.

Подгответе ја подлогата за тортата, така што ќе ги измешате мелените бисквити со путерот. Распоредете ја смесата на дното од калапот.

Кога чоколадните смеси ќе се оладат, измиксајте ги, па поставете ги по ред во калапот. Во смесата можете да додадете и малку маскарпоне за да биде покремаста. По желба, завршете со шлаг и мелени ораси или бисквити. Оставете да се олади и уживајте во вкусот.


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »