Брза торта со кокос

Се подготвува за само 20 минути – еве го рецептот!

02
Сакате да ги изненадите вашите гости со вкусен домашен десерт, но немате баш премногу време на располагање? Овој рецепт е само за вас – брза торта која освојува со вкусот, а готова е дури да трепнете со око.

Состојки

• 2 кесички пудинг од ванила
• 125 гр маргарин
• 200 гр шеќер во прав
• 300 гр бисквити
• 5 лажици кокосово брашно
• 3 банани
• 1 кесичка шлаг
• 600 мл вода

Начин на подготовка

Сварете го пудингот во 6 дл вода и оставете да се олади. Изматете го маргаринот со шеќер во прав, а потоа додадете ги во разладениот пудинг. Изедначете ја смесата, па додадете ги и кокосот, здробените бисквити и претходно исецканите банани (на тркалца).

Се’ полека и убаво измешајте, сипете ја смесата на поголем сад и обликувајте ја тортата со раце. Изматете го шлагот во вода, премачкајте ја тортата и оставете ја во фрижидер да се завцрсти. По желба, украсете ја со кокосово брашно или парчиња овошје.


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »