Бред Пит и Анџелина Џоли се повторно заедно?


Анџелина Џоли и Бред Пит ја шокираа јавноста со објавата дека се разведуваат. Сепак, се чини дека на својата љубов одлучиле да им дадат уште една шанса.

По интензивното “спиритуално” советување, тие наводно се повторно заедно. Тоа го тврди нивниот биограф Ијан Халперин.

“Бред направи чекор кон неа, а потоа се прегрнаа. Имаше многу солзи. Ништо не остана неискажано. Тие своите проблеми пробаа да ги решат во таа скромна куќа. Одлучија повторно да започнат, а таа интензивна расправа ја означи новата фаза во нивната врска”, вели тој.

Освен тоа, парот одлучил да посети брачен советник и рехабилитација.

Пит и Џоли, наводно се гледаат себеси како Ричард Бартон и Елизабет Тејлор кои постојано раскинуваа и се смируваа.

 


Skopje ID

Коментирај