BMW серија 3 -Поатрактивен од било кога

Со моќен спој на две вистински легенди, увозникот на BMW за Македонија М-Кар го означи доаѓањето на новата серија 3 – нејзиното лансирање на нашиот пазар ќе го следи препознатливото звучно лого на марката во автентична креација на Влатко Стефановски.

Серијата 3 отсекогаш била еден од најпопуларните модели на баварската куќа, наследство што верно е пренесено и во седмата генерација. Поатрактивна од било кога, таа зрачи со својот динамичен изглед и спортска маестралност. Новиот дизајнерски јазик ѝ донесе модерна интерпретација на традиционалните бубрези. Тие заедно со акцентираните светла доминираат со изгледот на предниот дел. Карактерот на серијата 3 е истакнат и со прецизно извлечените линии и впечатливо обликуваните површини. Поголема е од својот претходник во сите димензии, што директно има позитивно влијание на пространоста на ентериерот. Исполнет со иновативни технологии, тој придонесува за премиум амбиент и пријатно чувство во возењето што го обезбедува подобрената механиката. За агилното управување и одличните возни својства се грижат докажаните баварски агрегати кои на почетокот ќе бидат на располагање со моќност од 150 до 265 коњски сили. Од средината на летото ќе им се придружат и перформансните М верзии и ефикасните плаг-ин хибриди. Во Македонија, почетна цена на новата серија 3 изнесува 38.900 евра.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »