Bike Computer – македонската апликација што треба да ја има секој велосипедист на планетата


Bike Computer е првата македонска мобилна GPS bike апликација развиена во кујната на “Venikom“ која е наменета за сите професионални и рекреативни велосипедисти.

Главен feature на апликацијата е иновативната “Keep me safe“ опција, која е дизајнирана да им понуди поголема сигурност на велосипедистите на долги рути. Опцијата може да детектира пад на велосипедист и да ги информира неговите избрани контакти, испраќајки им ја моменталната локација на корисникот и SMS порака за инцидентот.

Bike Computer апликацијата е достапна за Android (ЛИНК) и iPhone (ЛИНК), и покрај зголемена сигурност за велосипедистите, нуди и низа бесплатни функционалности кои се сметаат како премиум во останатите мобилни апликации. Тука се вклучени: GPS следење со прикажување на брзина, дистанца, време, надморска висина, поврзувања со heart-rate монитор, сензори за брзина и ритам, како исензор за моќност.

mobile_1

“Сите во Venikom уживаат во велосипедизмот. Половина од тимот се страствени возачи кои учествуваат на доста настани и возат GrandFundo, а другата половина постојано го користат велосипедот како алтернативен превоз низ градот. Долго време работиме на оваа апликација и сакаме да допринесеме повеќе за велосипедската заедница”, вели Иван Ивановски, ко-основачот на Bike Computer.

joze_jovanov

Во времето кога јас тренирав и се натпреварував, користевме Polar и Garmin уреди за следење на рутите и перформансите. Тие имаа доста комплицирани програми за анализа на активностите, а нивната функционалност не е ни приближно еднаква на денешните мобилни телефони. Со екипата од Venikom имаме чести средби и разговори како моето лично 10 годишно велосипедско искуство да го споделам и да помогнам да се направи најдобриот Bike Computer“,вели македонскиот шампион.

Bike Computer се развива од софтверската компанија Venikom, која на Македонскиот пазар постои од 1994 година. Експертизата на Venikom со мобилни апликација доаѓа од бројни проекти кои компанијата ги има работено во Македонија и за интернационални брендови како Nike, Heineken, GQ, Glamour, Vogue…



SkopjeID
Доживеј го градот целосно!

Коментирај