Банана во чоколадо

Кога немате доволно време, идеи и пари за подготовка на некој посложен десерт, еве решение – направете банани во чоколадo за миг! Раскошен, а евтин десерт за секоја прилика.

01
Се’ што ви е потребно се банани, чоколадо по избор, стапчиња на кои ќе ги поставите бананите, како и малку шарени мрвици, рендано чоколадо или исецкани јаткасти плодови, кои ги имате во домот, или, пак, најмногу ги сакате.

02

Растопете го чоколадото (за префинет вкус можете да го растопите и во малку слатка павлака на пареа), па потопете ја бананата која претходно сте ја ставиле на стапче. Бананата можете да ја поделите по желба, на два, три или четири дела.

03

Оставете неколку минути во фрижидер за да се стегне чоколадото, па украсете ги како што сакате – потопете ги во бело топено чоколадо, извалкајте ги во кокос, шарени мрвици, сецкани или мелени ореви, бадеми, лешници, ф’стаци или бисквити.

Вратете ги во фрижидер и оставете ги неколку часа за да се стегнат, па послужете ги овие неодоливи десерти.

04


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »