Apple со нова реклама влезе во шарениот свет на Спајк Џонз


Британската пејачка FKA Twigs танцува во новата реклама на Apple, која е режирана од познатиот холивудски режисер Спајк Џонз. Ова видео го рекламира паметниот звучник Home Pod, кој би требало да биде пуштен во продажба во Европа во наредните неколку недели.

apple-live-stream-rainbow-ftr

Во видеото, FKA Twigs танцува на музика од Anderson .Paak додека нејзиниот дом се растега и претвора во мешавина од бои. Спајк Џонз го зачини видеото со неговата креативност и одлично око за детали, со цел да ги долови можностите кои ги нуди производото на Apple, Home Pod.

Овој мобилен звучник може да се приспособи на околината и на музиката која ја свири, а исто така ја има и функцијата на домашен асистент кој може да извршува наредби со гласовна команда.



Skopje ID
[fbcomments]