Амал и Џорџ Клуни дадоа милион долари за борба против говорот на омраза

Одговарајќи на смртоносното насилство на белиот националистички митинг во Шарлотсвил, Вирџинија, и првичната неподготвеност на претседателот Доналд Трамп да ги осуди активностите на белите супремацисти, Јужниот правен центар за сиромаштија  соработува со Фондацијата „Клуни за правда“ за да го засилат капацитет за борба против групите за сеење омраза во Америка.

df26a1197552a03d8ddfa67d9ba742b3

Притоа, Фондацијата „Џорџ и Амал Клуни” додели грант од 1 милион долари за оваа цел.

„Амал и јас сакавме да го додадеме нашиот глас и поддршка  на актуелната борба за еднаквост”, се вели во изјавата на двојката. „Нема две страни во непријателството и омразата”.

Фондацијата „Клуни за правда” беше основана од брачниот пар во  2016 година за да ја унапреди правдата во судниците, училниците и заедниците ширум светот. Таа е  непрофитна организација која ги следи активностите на домашните групи за омраза и други екстремисти,  моментално регистрирајќи повеќе од 1.600 екстремистички групи кои делуваат  низ целата земја. Фондацијата користи парнични постапки за да ги добие судските пресуди против 10-те најголеми бели супермацистички организации и 50 лица кои ги водат или учествуваат во насилни дела.


Skopje ID

Коментирај