Alfa Romeo од 25 милиони долари подготвен за аукција


Вистински дијамант со огромна вредност бара нов сопственик – Alfa Romeo 8C 2900B Turing Berlineta од 1939 година

На наддавањето, кое ќе се случи во февруари следната година во Париз, ќе се најде едно ремек дело на предвоената италијанска авто индустрија – Alfa Romeo 8C 2900B Turing Berlineta од 1939 година, а се проценува дека ќе достигне жестока цена од 25 милиони долари.

Во епохата кога на светската автомобилска сцена уште не биле присутни Ferrari и Lamborghini, Alfa Romeo беше синоним за елегантни и високо перформантни италијански возила, кои будеа страст за возење и од кои застануваше здивот.

Едно од тие е и Alfa Romeo 8C 2900B Turing Berlineta, настанат пред Втората светска војна.

Предметниот модел бил оригинално дизајниран со идеја да се натпреварува во авто трки и бил базиран врз шасијата на Alfa Romeo 8C 35 gran pri. Продукциската верзија за погон користела реден 8-цилиндричен 2.9-литарски мотор со два компресори.

Верзијата 2900B, за која тука станува збор, претрпела одредени промени во однос на оригиналниот 2900, со цел да биде покомфорно и подоверливо возило, во комбинација со завидни патни перформанси и впечатлива појава.

Примерокот кој во февруари ќе се најде на продажна ауција е еден од само пет направени во оваа конфигурација, дело на италијанскиот каросериски произведувач Turing.

16565481645bd5a4088f67f863199370_v4_big

 

Возилото е испорачано во 1939 година на сопственик во Англија. Во таа земјата низ годините три пати менувало сопственици, последен пат во 1976 година, а сегашниот одлучил да го продаде.


Skopje ID
[fbcomments]