Acer Triton 900 – гејминг лаптоп со „трансформерс“ екран


Компанијата „Acer“ на „IFA“ саемот во Берлин го претстави својот нов гејминг лаптоп – „Predator Triton 900“, специфичен по шарките со чија помош можно е ротирање на екранот на компјутерот, кое компанијата го нарекува „Ezel hinge“.

predator33

„Acer“ не објави многу детали за „Predator“, само информацијата дека уредот ја користи најновата „Nvidia“ графика за лаптопи.

„Triton 900“ исто така ќе ја има и најновата верзија на технологијата за ладење на „Acer“, која ја сочинуваат двата нови „AeroBlade 3D“ вентилатори, чиј дизајн ги зголемува перформансите за 10 отсто во однос на претходната генерација.
Лаптопот има механичка тастатура со „RGB“ осветлување и „trackpad“ од десната страна, кој на допир на копче станува нумеричка тастатура.

Самиот екран може да се постави во „шатор“ положба или хоризонтално.

„Acer“ се уште не објави повеќе детали за цената и достапноста на својот нов гејмерски лаптоп.



Skopje ID
[fbcomments]