ABBA најавува повторно дружење со своите фанови


Шведската група ABBA повторно ќе се собере, а познатиот квартет по 34 години од последниот јавен настап ќе го исполни „новото дигитално искуство“ во 2018 година. Групата АBBA, формирана во Стокхолм во 1972 година, ја сочинуваа Агнета Фaлтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад, а во средата објавија дека цел на нивната соработка ќе биде реализирањето на оригинален проект во шоу-бизнисот, „кој ќе им овозможи на новата генерација поклоници, да ја слушната и почувствуваат (групата) ABBA така како што никогаш не можеле да ја замислат“. Никакви други поединости не се објавени, забележува Associated Press.Членовите на групата ќе соработуваат со Сајмон Фулер, авторот на шоу емисијата American Idol.

abba9

– Истражуваме нов технолошки свет, со виртуелна реалност и вештачка интелигенција, што ќе ни овозможи создавање на нови облици на забава и задоволства кои претходно не ни можевме да си ги замислиме, изјавил Фулер.
За време на својата 30-годишна кариера, Фулер беше менаџер на Ејми Вајнхаус, бендот Spice Girls, англискиот фудбалер Дејвид Бекам, тенисерот Енди Мареј, возачот на Ф1 Луис Хамилтон и победниците на американскиот идол Кели Кларксон, Кери Андервуд и Дејвид Кук.

Групата ABBA беше планетарно позната благодарение на хитовите „Waterloo“, „Dancing Queen“ и „Take a Chance on Me“, чии хитови и ден денес може да се слушнат.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=xFrGuyw1V8s]


Skopje ID

Коментирај