8. ИЗДАНИЕ НА СКОПСКИ УРБАНИ ПРИКАЗНИ


На 27.06.2015 година (сабота) во организација на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ) и Скопско лето, низ улиците во центарот на град Скопје, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена 8-та изложба „Скопски урбани приказни“. Овогодинешното издание насловено како „Привремена духовна ремедијација“ има за цел – промовирање на автори кои живеат и творат во овој град кој остава неизбришливи траги врз нивните дела. Куратор на изложбата е Ана Франговска.

„Генералниот идеен концентрат на овој концепт е на посуптилен начин да се реагира врз чинот на менувањето на колективната меморија за градот Скопје, на сите спомени, сеќавања, пријателства, љубови, приказни… Креирањето на една нова урбана средина и приказна, постепено ги брише сеќавањето и доведува до заборав. Со ремедијација на сеќавањата за меѓучовечките односи и ситуации на стари скопјани и млади скопјани видени низ фотографии, видеа, објекти, нарации, ќе создадеме еден привремен урбан мини музеј на спомени, за да се инфилтрира сеќавањето за поранешното во новото урбано руво, вклучувајќи го елементот на опоненција, споредба и versus аспект.“ – изјави г-ѓа Франговска.

На изложбата со свои дела ќе се претстават 6 уметници, членови на ДЛУМ: Горан Менков, Ана Јовановска, Нада Прља, Ана Лазаревска, Зорица Зафировска Димче Димески.

Традиционално, оваа еднодневна изложба се организира под отворено небо. Делата на уметниците ќе бидат поставени на неколку локации низ центарот на град Скопје: на улица „Македонија“; Плоштад „Јадран“ и на улица „Максим Горки“.

За сите заинтересирани посетители 8-мото издание на изложбата „Скопски урбани приказни“ ќе биде отворена на 27.06 од 19:00 до 24:00 часот.Skopski


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
Translate »