6 лесни вежби кои го забрзуваат варењето на храната и ги намалуваат сантиметрите околу стомакот


Иако веќе ги забораваме летните фустанчиња и сукњички не значи дека треба да заборавиме и на изгледот на нашето тело. Токму поради тоа во прилог ви доставуваме совети како на едноставен начин ја одржувате својата линија.

6-ednostavni-vezbi-koi-go-podobruvaat-varenjeto-na-hranata-i-go-namaluvaat-stomakot-001

Многу често се случува масните наслаги да се наталожат околу стомакот заради неправилното варење на храната.Овој проблем можете да го решите со редовна физичка активност и тоа со вежби кои се специјално осмислени за да го подобрат варењето на храната, а со тоа и намалувањето на вишокот наслаги околу стомакот.

1. Свиткување

Седнете на подот и испружете ги нозете. Свиткајте го десното колено, завртете се настрана и фиксирајте го со левата рака. Полека почнете да се вртите надесно, до точка до која се чувствувате удобно и задржете се во оваа положба 30 секунди. Истото повторете го и со левото колено.

6-ednostavni-vezbi-koi-go-podobruvaat-varenjeto-na-hranata-i-go-namaluvaat-stomakot-01

2. Лесно чучнување

Застанете исправено со нозе раширени во ширина на рамената. Подигнете ги рацете нагоре и држете ги исправени, над главата. Лесно чучнете, додека сте уште во воздух, како да се обидувате да седнете на стол.

Останете во оваа положба 1 минута. Дишете длабоко, водејќи сметка рамената да ви бидат исправени.

6-ednostavni-vezbi-koi-go-podobruvaat-varenjeto-na-hranata-i-go-namaluvaat-stomakot-02

3. Свиткани колена до градите

Легнете на грб и опуштете се. Длабоко вдишете и повлечете ги колената кон градите, опфаќајќи ги со рацете. Полека подигнете ја карлицата нагоре и задржете се во оваа состојба 1 минута. Дишете рамномерно.

6-ednostavni-vezbi-koi-go-podobruvaat-varenjeto-na-hranata-i-go-namaluvaat-stomakot-03

4. Исчекор

Направете голем исчекор напред со десната нога, а левата држете ја права без да ја свиткувате. Ставете ги рацете зад грбот и исправете ги, така што грбот ќе го свиете благо наназад.

Задржете се кратко во оваа положба и повторете ја оваа вежба со левата нога. Со секоја нога направете по 5 повторувања.

6-ednostavni-vezbi-koi-go-podobruvaat-varenjeto-na-hranata-i-go-namaluvaat-stomakot-04

5. Мост

Легнете на грб, свиткајте ги колената и добро потпрете се со стапалата на подот. Подигнете ги колковите, држејќи ги рацете право испружени на подот со споени дланки. ,

Останете во оваа положба 1 минута. Дишете длабоко со полни гради.

6-ednostavni-vezbi-koi-go-podobruvaat-varenjeto-na-hranata-i-go-namaluvaat-stomakot-05

6. Нозе кренати високо нагоре

Легнете на под и подигнете ги нозете нагоре. Држете ги исправени, потпирајќи се на грбот, а рацете нека бидат испружени покрај вас со дланките свртени кон подот.

Останете во оваа положба 1 минута, внимавајќи дишењето да ви биде рамномерно.

6-ednostavni-vezbi-koi-go-podobruvaat-varenjeto-na-hranata-i-go-namaluvaat-stomakot-06


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »