Заврши Илинденски кајак слалом – ИКАС 2015


Во лоши временски услови, со  силен дожд, се одржа финалето на 47. издание од меѓународната манифестација Илинденски кајак слалом – ИКАС 2015  на патеката Матка крај Скопје.

Победник на  годинешниов ИКАС е Душан Стојиљковиќ од Србија, кој по двете возења  имаше време од 106,06 секунди.

На второто место  се пласира македонскиот кајакар Атанас Николовски, кој заостануваше  2,65 секунди, а трето место го освои  уште еден Македонец – Борче Мицевски.
Во женска конкуренција во К-1  победи  Викторија Ус од Украина,  пред Смирнова од Казахстан и Петровиќ од Србија.

Најдобар  во Ц-1 во машка конкуренција беше Богдан Букара од Србија, второпласиран беше  Kазахстанецот Јеренгиапов, а трето место го освои  Јовановиќ од Србија.

На годинешново издание на ИКАС, што се  одржа викендов на кајак патеката во Матка учествуваа 150 натпреварувачи од 11 земји учеснички и тоа од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Грција, Турција, Украина, Казахстан, Литванија, Црна Гора и Бугарија.

Град Скопје е традиционален покровител на Икас, па за таа намена од Буџетот  за годинава издвои околу 180.000 денари.

IKAS 2015 (2) IKAS 2015 (1)IKAS 2015 (3) IKAS 2015 (4)


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
Translate »