10 намирници кои се корисни после вежбање

Со помош на овие намирници, вашето тело правилно ќе се развива, а мускулите ќе ја добијат потребната енергија и витамини.

Сите знаеме дека храната е неверојатно важна кога е вежбањето во прашање, бидејќи правилната исхрана има големо влијание на обликувањето на телото. Сепак, многу луѓе го занемаруваат овој факт, па јадат нездрава храна, а не внесуваат доволно хранливи состојки кои ќе ги обноват мускулите и регенерираат телото. Поради тоа, ви претставуваме 10 намирници кои ќе ви помогнат и позитивно ќе влијаат на вашето тело и организам по напорниот тренинг.

1. Јајца1
Јајцата се богати со протеини, а добро познато е колку протеините се важни за изградбата на мускулите. Значи, слободно конзумирајте јајца по тренингот. Ќе ве направат посилни и поиздржливи.

2. Сок од портокал

2
Сокот од портокал е исклучително корисен и здрав, особено доколку тренирате. Покрај огромната количина на витамин Ц, вашиот организам ќе добие и голема количина на калиум кој му е неопходен на телото по вежбањето. Калиумот е значаен електролит кој на телото му помага да ги обнови своите резерви на течности.

3. Кефир

3
Кефирот е одличен напиток за конзумирање после тренингот. Една шолја кефир содржи 11-15 грама протеини, што е одлично за вашите мускули.

4. Лосос

4
Омега-3 киселини и протеини ви се достапни во големи количини доколку јадете месо од лосос. Лососот има позитивно влијание и на синтезата на протеини, а со самото тоа влијае и на изградбата на мускулната маса.

5. Боровница

5
Боровницата е одличен оксидант и благодарение на неа ќе се ,,исчистите’’ на правилен начин. Ова овошје е богато со витамини и го забрзува закрепнувањето на телото и организмот по вежбањето.

6. Суво овошје и јаткасти плодови

6
Мешавината на суво овошје и јаткасти плодови за кусо време ќе ве обезбеди со енергија, и што е најважно – протеини. Кикириките, индиските ореви и сојата се особено добри за закрепнување и храна на вашите мускули.

7. Ананас

7
Ананасот содржи ензим бромелаин, кој го помага лекувањето на модринки, исчашувања и отоци. Ананасот, исто така, содржи високо ниво на витамин Ц, кој е клучна компонента за обнова на ткивата.

8.Компир

8
Компирот содржи јаглехидрати, кои можеби нема да ги нахранат толку вашите мускули, колку што ќе ви дадат енергија и сила. Исто така, компирот ги содржи витамините Б6, Ц, Д, магнезиум и калиум кои се одлични за регенерација на телото.

9. Киви

9
Кивито е одличен антиоксиданс, за кој е докажано дека е делотворен за санирање на болката во мускулите. Содржи огромни количини на витамин Ц и е неверојатно хранлив.

10. Вода

10
На крај, мора да ја споменеме водата. Водата е неизбежна супстанца која мора да се консумира постојано, особено ако активно тренирате. Дехидратацијата на организмот е многу опасна, и затоа е неопходно да внесувате доволна количина на вода. Во текот на тренинигот, потребно е редовно да се обновува течноста, па трудете се да испиете 2-3 чаши вода.


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »