Џесика Симпсон е бремена со трето дете


Откако долго време се шпекулираше дека е бремена, Џесика Симпсон конечно ги потврди гласините.

10-5
38-годишната телевизиска ѕвезда и нејзиниот сопруг Ерик Џонсон го очекуваат нивното трето дете.

Џесика ја сподели среќната вест со слатки фотографии со двете деца. На нив, 6-годишната Максвел и 5-годишниот Ејс го откриваат полот на нероденото бебенце. Тие пукаат темни балони од кои излегуваат помали розови балончиња, што покажуваат дека ќе добијат сестричка.

„Изненадување! Ова мало девојче ќе нè направи петчлено семејство. Пресреќни сме што го споделуваме овој скапоцен благослов на животот“ – напиша Симпсон во описот.Во изминатите месеци, Џесика многупати беше фотографирана со пораснато стомаче, но досега не ја откриваше својата слатка тајна.Џесика и Ерик се заедно од 2010 година, а стапија во брак во 2014 во Калифорнија. Ќерка им Максвел се роди во мај 2012, додека Ејс дојде на овој свет на 30 јуни 2013 година.

01-1-9

04-1-3

17-2

03-1-7


Skopje ID
[fbcomments]