Џенифер Анистон ги разубавува страниците на „InStyle“


49-годишната актерка заведува во креации од врвни модни куќи како Мајкл Корс, Долче и Габана, Александар МекКвин, Џорџо Армани, Живанши и Луј Витон за новиот едиторијал.

03-2
Анистон зборуваше за шпекулациите и заблудите кои постојат за нејзиниот приватен живот. „Лудо е. Постојат заблуди како: ‘Џенифер не може да задржи маж’ и ‘Џен одбива да има бебе затоа што е себична и посветена на кариерата’, или дека сум тажна и скршено ми е срцето. Најпрво, со сета почит, моето срце не е скршено. И второ, тоа се несовесни претпоставки. Никој не знае што се случува зад затворени врати. Никој не размислува колку чувствително може да биде тоа за мене и мојот партнер. Тие не знаат низ што имам минато, медицински или емоционално. Постои притисок за жените да бидат мајки, и ако не се, тогаш тие се сметаат за оштетена стока. Можеби мојата цел на оваа планета не е да создавам живот. Можеби имам други работи коишто треба да ги правам?“ – вели холивудската ѕвезда, која моментално го снима својот нов филм „Murder Mystery“.

01-1-1

02-1-1

04-1

07-1-1


Skopje ID
[fbcomments]