Џастин Бибер: „Паузирам со музиката. Не сум добро психички, а сакам да бидам татко“

Џастин Бибер најави дека ќе земе пауза и накратко ќе се одмори од музиката, за да се посвети на решавање на психичките проблеми.

Призна дека обожавателите оправдано го критикувале, бидејќи за време на својата трета светска турнеја во 2016-та и 2017-та година, бил непрестајно несреќен и за време на настапите не успеал да ја пружи „онаа потребна енергија“.

„Се обидував да откријам што ме измачува, како повеќето од вас. Сега одлучив да се фокусирам на решавање на некои подлабоки псхички проблеми кои ме измачуваат, за да не се распаднам, да го сочувам својот брак и да станам татко каков што сакам да бидам“, напишал Бибер на Инстаграм.

Во ноември минатата година, пејачот се венчаше со американската манекенка Хајли Болдвин.

„Музиката ми е многу важна, но ништо не смее да биде пред семејството и моето здравје“, рекол пејачот кон крајот на 2019-та година.

„Сте платиле билети за да ме видите и да си поминете како никогаш претходно, но не бев емоционално способен да ви пружам барем малку задоволство, особено на крајот на последната турнеја“, напишал пејачот, додавајќи дека „тоа не значи дека се откажувам од музика. Ќе се вратам со албум кој ќе ‘растури’“.

Четвртиот албум, „Purpose“, го објави во 2015-та година и почна со светската турнеја. Но, турнејата била прекината, а 15 концерти не биле одржани, поради, како што се пишуваше, депресијата и исцрпеноста на пејачот.

Само во Америка Бибер продал околу 45 милиони албуми и песни, а вкупно во светот продал околу 150 милиони албуми. 


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »