Јувентус слави: Алекс Сандро ги извиси Јунајтед и Челси!

Бразилскиот лев бек Алекс Сандро веќе подолго време е желба на најголемите англиски клубови, пред се на Манчестер јунајтед и на Челси, но очигледно тие предвреме ја загубија трката затоа што фудбалерот на Јувентус се договорил за нова соработка со „старата дама“.

65643-junajted-i-chelsi-izvisija-aleks-sandro-dogovoril-nova-sorabotka-so-juventus

Сандро дојде во Јувентус во 2015 година од Порто за 26 милиони евра и во изминатите три години, 27-годишниот лев бек се промовираше за еден од најдобрите фудбалери на својата позиција, па оттаму и ептен големиот интерес од другите великани. Досега одигра 131 меч за црно-белите, освои три „скудета“ и три трофеи во купот, а според меидумите досега Јунајтед, ПСЖ и Челси неколкупати се обидувале да ги убедат челниците на „бјанконерите“ за да го купат, но добивале негативен одговор.

Сепак, најави постоеа дека зимава би можеле со нов обид да издејствуваат трансфер за сериозни пари, арно ама Алекс Сандро и Јувентус постигнале договор за нова соработка и тоа до 2023 година.

Новиот договор го откри еден од најугледните италијански новинари Џанлука Ди Марцо, а го објави и „Скај Спорт“.


Skopje ID
[fbcomments]