ЈСП укинува две линии – Погледнете кои и од кога нема да сообраќаат


Од петок (19.10.2018 година), се укинуваат сезонските линии 58 (Транспортен центар-Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар-Дивле, Катлановско блаце, Кожле), информираат од ЈСП- Скопје.

Посочените линии се сезонски и нивното функционирање е утврдено со Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје.

Инаку, денеска повторно е блокиран булеварот „Партизански одреди” на потегот од трговскиот центар Сити Мол до Ѓорче Петров, поради изведба на градежни работи, пренесе Курир.

Блокирани се и алтернативните патишта, со гужва во сообраќајот. Растеретување на гужвата се обидува да направи полицијата, но залудно.

Во наредниот период треба да започне реконструкцијата и на преостанатиот дел на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, поточно делницата од мостот Влајко до мостот Обединети нации.

 


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »