Што се нуди конечната верзија iOS 12 на корисниците


Конечната верзија на оперативниот систем на „Apple“ – „iOS 12“ стана достапна на 17-ти септември, донесувајќи бројни поправки, нови функции и подобри перформанси.

isos33

Иако изгледа идентично на својот претходник, „iOS 12“ на корисниците им носи пројни додатоци кои, меѓу останатото, работата на постарите на „Apple“ уреди ги прави побрзи и побрз трансфер на апликациите.

Подобрен е системот за управување со шифрите, па сега уредите ги предупредуваат корисниците доколку користат една иста шифра за различни работи. Системот нуди креирање на нови и јасни шифри и предлага нивно складирање во „KeyChain“.

Еден од новитетите на „iOS 12“ е и тоа дека „FaceTime“ им овозможува на корисниците да разговараат со 32 лица во исто време. „FaceTime“ во „iOS 12“ е интегриран „iMessage“, a таа опција работи како на „iPhone“, така и на „iPad“ и „Mac“.

Како што пренесуваат медиумите, групниот „FaceTime“ не се појави во конечна верзија во „iOS 12“, но ќе биде достапна во текот на вториот дел на есента.



Skopje ID
[fbcomments]