Што е поздраво, топло или ладно кафе?


Кафето го пиете топло или ладно? Дали е подобро на едниот или на другиот начин е прашање на личноста, меѓутоа научниците откриваат на кој начин е поздраво.

Како доаѓа ладното време, сигурно повеќе уживате во топло кафе, а не ладно.

Новото истражување покажува дека без разлика во кој дел од годината, топлото кафе е подобро од ладното од причина што има повеќе антиоксиданси.

Студијата која ја спровеле префесори по хемија, покажала дека топлото кафе има повеќе влијание на здравјето, вклучувајќи и намалување на ризик од канцер, дијабетис и депресија.

Овие научници утврдиле дека топлото и ладното кафе имаат иста ПХ вредност, што ги исклучува некои тврдења дека ладното кафе има помалку киселина.


Skopje ID
[fbcomments]