Шаде по осум години сними песна за филмот „Траги во времето“

Легендарната британска музичарка и кантавторка Шаде Аду сними нова песна по осумгодишна пауза. „Flower of the Universe“ е снимена за филмот „Траги во времето“.
23022018121832_web_shade
Шаде со својот бенд последниот албум „Soldier of Love“ го сними во 2010 година, а претходно издаде пет студиски албуми.
Наскоро новата песна треба да се најде на сите интернет-музички платформи.
Како што пренесоа американските медиуми, освен на Шаде, во филмот ќе се најдат и песни на Сиа, Деми Ловато и други автори.
Волшебната авантура „Траги во времето“ се засновува на истоимената книга на писателката Меделин Л Енгл, а премиерно ќе почне да се прикажува во кината на 9 март.


Skopje ID
[fbcomments]