Чиста елеганција: Марго Роби е вистинска дама во “Chanel”


Австралиската убавица за прв пат е номинирана за престижната филмска награда.

Марго Роби на филмското платно ја отелотвори контроверзната американска лизгачка Тониа Хардинг која ѝ донесе номинација за Оскар за најдобра актерка и вчера со останатите номинирани актерки присуствувала на гала настанот на престижното доделување.

За таа пригода, Марго носела краток бел фустан со потпис на познатиот бренд “Chanel” во кој изгледала префинето и елегантно.

Мини моделот ѝ ласкал на витката фигура, а Марго ја надополнила комбинацијата со едноставни црни сандали и кожна торбичка во истата боја, а накитот го изоставила бидејќи и онака не ѝ бил потребен.

Дозата на гламур во нејзиното симпатично издание ги обезбедиле и нежните локни во стил на стариот Холивуд, а убавата актерка блескала и покрај минималната шминка.

Марго во последно време ги освојува црвените теписи, а веруваме дека и оваа година ќе блеска на доделувањето на Оскарите како што блескаше на минатогодишното доделување.


Skopje ID
[fbcomments]