Четири супер напитоци кои го топат салото на стомакот


Диети, вежбање, кардио, шетање, трчање, Палео итн. се термини кои означуваат губење на килограмите и слабеење, а многу се големи шансите и самите да сте пробале барем нешто од наведеното.

ehQRz-gettyimages-545445152-0-900x600

Со цел да ви помогнеме во процесот на губење на килограмите, пронајдовме неколку рецепти за напитоци кои го прават токму тоа.

Зелено смути

Во зеленото смути се наоѓа совршена пропорција на овошје и зеленчук, па затоа е идеална замена за вашиот појадок, ручек а можеби и вечера. Зеленото смути има повеќе од дваесет нутритиенти, минерали, витамини и антиоксиданси – не е ни чудно што тоа е совршена замена за оброк.

Сè што ви е потребно се: две шолји спанаќ, две шолји вода, една шолја манго, една шолја ананас и две банани.

Грејпфрут и јаболков оцет

Грејпфрутот прави чуда за регулирање на шеќерот во крвта, а јаболковиот оцет ги исфрла токсините од телото и допринесува за топење на масните наслаги.

Сè што ви е потребно се една шолја свежо исцеден грејпфрут и една супена лажичка јаболков оцет.

Лимонада од ѓумбир

Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и му помага на телото да ја свари храната на оптимален начин. Во комбинација со лимон, тој не само што ќе ви помогне во борба со вишокот килограми туку и ќе направи чудо за вашиот кардиоваскуларен систем.

Сè што ви е потребно се 3 исцедени лимони и една лажичка исечкан ѓумбир кој треба да отстои во топла вода. Кога водата со ѓумбирот ќе се излади, додадете го лимонот и уште малку вода. По желба, додадете една лажичка мед.

Пијалок наречен “збогум сало”

Една чаша од овој напиток пред спиењето ќе му помогне на вашиот дигестивен систем повеќе отколку што можете да замислите. Забрзување на метаболизмот и отстранување на токсините од телото – има ли нешто подобро?

Сè што ви е потребно се: еден лимон, една лажичка јаболков оцет, една лажичка мед или ѓумбир, една лажичка цимет и две чаши вода.


Skopje ID
[fbcomments]