Четворица важни играчи на Баерн го бојкотираат Ковач


Баерн Минхен доживеа уште еден студен туш на „Алијанц арена“ изминатиов викенд, откако Фрајбург успеа да израмни на 1:1 во 89-та минута во ситуација кога германскиот шампион претходно цел натпревар се мачеше да го скрши мразот.

8RE5z-kovac-race

Серж Гнабри погоди за 1:0 во 80-та минута, но пред самиот финиш на мечот, гостите ја казнија конфузноста во одбраната на Баварците и на крајот му одземаа два бода на фаворитот кој никако да влезе во посакуваната форма под водство на Нико Ковач.

Челните луѓе на клубот и натаму велат дека имаат огромна доверба во квалитетите на хрватскиот стручњак и засега му даваат стопостотна поддршка, но како што тврди угледниот магазин „Кикер“, тоа не важи за четири „староседелци“ во првиот тим на Баерн.

Реномираниот германски медиум информира дека четворица важни играчи од првиот тим го бојкотираат Ковач, особено неговите замисли за огромни ротации од натпревар во наптревар, кои според нив се многу лоши за влегување во натпреварувачки ритам.

Во ситуацијата станува збор за Хумелс, Робен, Рибери и Милер, а овој последниот се најде во центарот на вниманието уште по крајот на натпреварот против Фрајбург бидејќи неговата сопруга јавно го нападна Ковач на социјалните мрежи.

Не треба да заборавиме дека Баерн пред извесно време им објави „војна“ на медиумите за преголемите шпекулации во врска со Ковач, но барем засега нема никаков демант за најновата информација која ја продефилира „Кикер“.


Skopje ID
[fbcomments]