Челси ќе си подаде рака со Милан за Игуаин и Мората


Од Италија известуваат дека Премиерлигашот и Калчолигашот работат на последните детали од преговорите за трампата која се очекува да биде реализирана веднаш штом почне трансфер периодот во јануари, идниот месец.

4hZdQ-iguain

Според информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Челси и Милан се близу постигнување на договор за трампа на Алваро Мората со Гонзало Игуаин, веднаш штом се отвори трансфер периодот во јануари.

Обата напаѓачи кои се наведени играат во топло-ладно форма, Мората не ги почна првите три натпревари за Челси во Премиерлигата, а Игуаин нема постигнато погодок дури од октомври.

Сепак, Спорт Медиасет пишува дека Премиерлигашот и Калчолигашот ги договараат финалните детали од преговорите за трампата која сега се наведува дека е реална за да се оствари уште во јануарскиот преоден рок, а наводно остануваат уште само некои детали од преговорите.

Технички, Игуаин е се уште на позајмица од Јувентус, па така ќе се чека и одобрение од шампионот на Италија, но, очекувањата се дека натпреварите против Фросиноне и СПАЛ ќе бидат последните за Аргентинецот во Италија.

Веројатно најреалната опција која се очекува да се реализира е тоа да биде прекината позајмицата на Игуаин со Милан и со истиот статус да се пресели на Стемфорд Бриџ, со опција, на лето и целосно да стане фудбалер на Челси, а од друга страна пак, Мората да отиде во спротивниот правец на позајмица од 18 месеци.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »