Црвена леќа – моќна мешунка која ги лечи бубрезите и срцето и го закрепнува организмот


Црвената леќа е една од најважните намирници во кујната и се смета за најздрава помеѓу сите видови на мешунки.

cGqfQ-shutterstock-104903618

Нејзините зрна се богати со витални хранливи состојки како протеини, јаглехидрати и влакна, како и витамини и минерали како што се магнезиум, железо, цинк, фолат, фосфор, калиум, бакар и витамини од групата Б.

Црвената леќа е лесна намирница која го закрепнува организмот, посебно кога е зготвена со малку масло и зачини.

Лековити својства на црвената леќа

Црвената леќа е лесно сварлива, па затоа редовно може да ја користат и лица кои имаат проблеми со дигестивниот систем.

Поради својата хранливост, таа го зајакнува имунитетот, го чисти организмот, а помага и во регенерација на црниот дроб.

Црвената леќа е посебно ценета намирница бидејќи:

• го поттикнува варењето

• помага против надуеноста и грчевите

• делува како природен лаксатив

• ги елиминира токсините од телото

• дава виталност и енергија

• ја стимулира работата на срцето

• ги опушта крвните садови и ја подобрува циркулацијата

• го ревитализира организмот

• делува позитивно врз имунолошкиот систем

• помага во регенерација на бубрезите и уринарниот систем

• го зголемува производството на мајчино млеко

• ја негува и чисти кожата

• има низок гликемиски индекс

Со оглед на бројните здравствени предности, црвената леќа има многу голема корист за нашето здравје, па затоа треба да ја сместите во вашата секојдневна исхрана.


Skopje ID
[fbcomments]