Хрватите дочекани како шампиони: Три часа хероите се пробиваа до центарот на Загреб

Хрватска не успеа да се качи на светскиот врв, ама фудбалерите со игрите, односот и карактерот за цела Хрватска се шампиони. Освоија зребро од СП во Русија, но за нацијата тие се – златни. Попладнево стотици илјади граѓани на Загреб ги окупираа улиците и булеварите од аеродромот до центарот и плоштадот „Бан Јелачиќ“ за да ги поздрават националните херои.

45876-hrvatite-dochekani-kako-shampioni-tri-chasa-heroite-patuvaa-do-centarot-na-zagreb-foto

Повеќе од два часа откако фудбалските ѕвезди предводени од најдобриот фудбалер на светот Лука Модриќ слетаа на загрепскиот аеродром, се пробиваа низ илјадниците навивачи, кои излегоа во хрватската престолнина да им се поклонат на своите херои. Автобусот едвај се пробиваше низ реката народ што излезе да ги поздрават „шампионите“, кои го направија најголемиот успех во историјата на хрватскиот фудбал.

45857-hrvatite-dochekani-kako-shampioni-tri-chasa-heroite-patuvaa-do-centarot-na-zagreb-foto

А, на „Бан Јелачиќ“ уште од 13 часот преку 100 илјади луѓе излегоа да ги чекаат фудбалерите, па шест часа се забавуваа и пулсираа во мундијалската еуфорија која ја стресе земјата со фантастичниот успех. Неизбежна беше иротехниката и мноштвото песни со кои беа дочекани фудбалерите додека минуваа кон последната цел – центарот на Загреб.

Според хрватските медиуми, најмалку 300 илјади луѓе излегле да ги поздрават хероите, иако има и такви што посочуваат дека половина милион се на улиците на главниот град, од кои над 100 илјади само на „Бан Јелачиќ“.

45862-hrvatite-dochekani-kako-shampioni-tri-chasa-heroite-patuvaa-do-centarot-na-zagreb-foto


Skopje ID
[fbcomments]