Хаос во Италија – се зголемува бројот на загинати, Венеција целосно под вода


Најголемиот број од загинатите се на северот и на западот на земјата . Училиштата се затворени , како и туристичките атракции поради опасност за безбедноста.

uploadsthumbsresize800x420353784

Ветришта со брзина и од 180 километри на час уриваа покриви и дрвја , а ги превртуваа и малите бротчиња и чамците во крајбрежните градови.

Две торнада направи пустош во гратчето Терасина , при што едно лице загина , а десетмина се повредени.

Речиси цела Венеција е поплавена со зголемено ниво на морето и од 160 сантиметри. Нивото на водата на плоштадот Свети Марко достигна 156 сантиметри , што е четврто највисоко ниво во историјата.

Најголемиот број од загинатите настрадале од паднати дрвја врз нив или врз нивните автомобили.

Меѓу загинатите е и еден спасувач – волонтер , кој загинал во местото Алто Адиџе од паднато дрво. Една од загинатите е и жена , чија куќа била однесена од свлечиште, загина и рибар кој се удавил вадејќи го потонатиот чамец , како и 63 годишен сурфер , кого ветрот го навеал на карпи.

 

 

 


Skopje ID
[fbcomments]