ФФМ ќе добие нов претседател


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за одржување Вонредна изборна седница на Генералното Собрание на ФФМ за избор на претседател на 1 септември 2018 година.

ffm-00444

Местото и времето на одржување на Вонредна изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател дополнително ќе биде одредено.

Оваа одлука доаѓа откако сегашниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, ќе добие нова извршна функција како дел од Европската куќа на фудбалот (УЕФА), предводена од Словенецот Александер Чеферин.


Skopje ID
[fbcomments]