Фудбалер на Реал Мадрид го напушти теренот зашто морал да оди во – тоалет!

Реал Мадрид денес успеа да победи на гостувањето кај Еибар со 1-2, а двата голови за „кралевите“ ги постигна Кристијано Роналдо, но еден момент од натпреварот остана во центар на внимание кај фудбалската јавност.

28781-dzvezda-na-real-madrid-morashe-da-go-napushti-terenot-zashto-mu-se-odelo-vo-toalet

Во текот на мечот гледачите забележаа дека Серхио Рамос „исчезна“ од теренот во 73. минута и се врати неколку минути подоцна.

Новинарите веднаш го прашаа тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, за што станува збор, а тој им даде конкретен одговор.

„Серхио замина во тоалет и брзо се врати на теренот“, кажа Зидан.


Skopje ID
[fbcomments]