Фудбалери на Реал Мадрид заминуваат во Серија А!

Шпанските медиуми пишуваат дека дури четворица фудбалери на Реал Мадрид ќе го напуштат клубот и сите ќе се преселат во италијанската Серија А. „Кралевите“ се многу активни во овој преоден рок и веќе потрошија 300 милиони евра за нови засилувања, па затоа сега мораат да продаваат.

Џејмс Родригез сигурно си заминува од Мадрид, а според последните информации ќе потпише за Наполи. Освен него Наполитанците сакаат да го ангажираат и Тео Ернандез, додека Милан сака на „Сан сиро“ да ги донесе Иско и Дани Себалос. Најголем проблем на Зидан во моментов е Герет Бејл, кој иако знае дека нема да ја има потребната минутажа, сепак не сака да си замине од Мадрид.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »