Уште еден ден до Свеченото отворање на Зимските олимписки игри


Јужнокорејскиот град Пјонгјанг од утре до 25 февруари ќе биде домаќин на 23. Зимски олимписки игри. Церемонијата на Свеченото отворање е закажана за утре со почеток во 12 часот по македонско време (20 часот локално).

Резултат со слика за Зимските олимписки игри 2018

Дел од учесниците уште денес ќе ги започнат своите настапи со учество во квалифакциските натпревари во карлинг и ски-скокови.

Резултат со слика за Зимските олимписки игри 2018

На Олимпијадата пријавени за настап се 2.925 спортисти и повеќе од 3.500 официјални лица од 93 земји. Шест од нив се дебитанти. Од Африка се пријавени осум држави, од Американскиот континент 12, од Азија 20, од Европа 50 вклучувајќи ги и руските спортисти под олимпиското знаме и од Океанија три држави.

Македонија ќе има три претставници: Антонио Ристевски, Ставре Јада и Викторија Тодоровска.

Меѓународниот олимписки комитет го зголеми бројот на дисциплини на 16. На овие ЗОИ ќе бидат доделени шест комплети повеќе во однос на претходните во Сочи 2014 година. Нови дисциплини се воведени во алпското скијање, карлинг, брзо лизгање, и бордање. Во однос на последната Олимпијада исфрлен е паралелниот слалом.

На официјалните делегации и службените лица на Игрите ќе им помагаат околу 17 илјади волонтери.

Досега се продадени околу 80 проценти од билетите, а преку 70 отсто од Корејците веруваат дека игрите ќе бидат успешни.

Во досегашната историја на ЗОИ најуспешна е Норвешка со вкупно освоени 332 медала (118 златни 113 сребрени и 101 бронзен).

Првата зимска Олимпијада се одржа 1924 година во Шамони, Франција. Меѓународниот олимписки комитет веќе одлучи домаќин на следните ЗОИ во 2022 година да биде кинеската престолнина Пекинг.


Skopje ID

Коментирај