УШТЕ ДВА ФИНАЛНИ КОНЦЕРТИ НА КАРОЛИНА И МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

Драги пријатели,

Бидејќи двата концерта на Каролина и Македонската филхармонија се одамна распродадени и многу нејзини фанови се останати без влезници, би сакале да Ве информираме дека се одлучивме да се одржат уште два завршни концерти на Каролина со оркестарот на Македонската филхармонија, на 20-ти и 22-ри февруари, на исто место.

Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и веруваме дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската филхармонија.

Влезниците по цена од 1.000 денари се веќе во продажба онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Ви препорачуваме да побрзате со купувањето на Вашите билети!

Авалон Продукција


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »