Утре без струја дел од општините Сарај и Центар

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Сарај и Центар.

Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја утре од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Долна Матка во Општина Сарај, а во периодот од 12:00 до 14:00 часот корисниците од броевите 15, 17 и 19 на ул.„Владимир Назор“ во Општина Центар. 


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »