Утре без струја делови од Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Петровец


Заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Петровец, информираат од РЦУК по добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД Скопје.

Во периодот од 9:00 до 10:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улиците „Депа Кајова“ во општина Ѓорче Петров и  улицата „Благоја Давков„ од бр.10 до бр.16 во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Њуделхиска“ и „Дрезденска“ во општина Карпош.

Во периодот од 10:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Манчу Матак“ поточно околу бр.13  во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 8:30 до 15:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ке имаат објектите: наплатна рампа Петровец, „Македонија Пат“- Петровец, МВР Петровец, село Чојлија (делот кон еродромот), „Јавно претпријатие за државни патишта“ (Петровец) во општина Петровец.

Во периодот од 9:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Нерешка“ во општина Карпош.

 


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »