Уметност од загаден воздух


Аерозагадувањето во некои земји, како на пример во Кина, е секојдневие.

215747-umetnost-od-zagaden-vozduh

Ама тие во последно време ја земаат работата во свои раце – се ослободуваат од јагленот, а кинеските компании се лидери во производството на електрични автомобили. Уметниците исто така не остануваат должни.

Преку спој на активизам и уметност, неколкумина кинески уметници се обидуваат да привлечат внимание кон проблемот со загадувањето, не само во Кина туку и воопшто. Еден од нив, Лиу Болин, живее во приградска населба на Пекин, во старо индустриско маало во кое денес голем број уметници изнајмуваат студија. Ова го поттикнало да размислува како поединецот се вклопува во модерниот урбан живот, преку серија перформанси преку кои се обидел да исчезне, односно да стане невидлив во градот.

Последната „епизода“ во оваа серија се состои во тоа што тој на себе, на дречаво портокалов елек, има закачено 24 мобилни телефони, 12 напред, 12 назад, преку кои во живо ги пренесува неговите прошетки низ Пекинг. Истовремено, телефоните го мерат степенот на загадувањето, придружено со неговите коментари за тоа колку е тешко да се живее во такви услови.

Вториот уметник се вика Џинахуо Ксионгди – псевдоним што значи „Брат лудак“. Тој е малку поексплицитен во желбата да го претвори загадениот воздух во уметност. Во тек на 100 дена тој полнел правосмукалка со голема моќност низ Пекинг, вшмукувајќи го воздухот и сето она што тој го содржел. Кога ја завршил работата имал околу 100 грама прашина, која ја помешал со глина и од неа направил – цигла. Некои од минувачите мислеле дека е чистач на улици, други дека го тестира квалитетот на воздухот. Но имало и понуди да им дојде дома и да им чисти.

Неговата цел била поегзактна – да ја претвори загаденоста во нешто опипливо и цврсто, за луѓето да ја примат преку сетилата опасноста под која живеат. Циглата му ја дал на човек кој ја реновирал куќата и кој ја вградил во структурата.

Третиот уметник се вика Зу Ји, кој во јануари 2013, кога се случувала „воздухоапокалипса“ во Пекинг секојдневно фотографирал од неговиот прозорец. Сликите ги постирал на најголемите социјални мрежи во Кина и тие предизвикале големи реакции. Толку големи, што ова му станало навика – фотографира и ден-денес и од сликите прави годишни монтажи, билборди во сини и сиви бои, со квадратчиња кои ги покажуваат поединечните денови. Во соработка со научници од универзитетите во Нанџинг и Аризона тој сега развива метод на проценување на нивоата на загаденост базиран на фотографии. Направил и група, Beijing Air Now, која развива апликација која им овозможува на корисниците да испратат сопствени слики на темата.

Кај нас уметнички протест против загадувањето имаа неколкумина тетовски уметници кои минатата година го свиреа Бах на тамошната депонија. А моменталната скопска ситуација засега ја опишува ова „дело“


Skopje ID
[fbcomments]