Тимот на Солскер е најлош во последните 57 години!

Откако Оле Гунер Солскер ги елиминиераше ПСЖ од Лигата на Шампионите се шпекулираше дека тој ќе биде „новиот Сер Алекс Фергусон“, но остануваат само шпекулациите, можеме јасно да видеме дека тоа не е вистина.

Набрзо после натпреварот Солскер го доби договорот „за постојано“, но ќе беше подобро да не го добиеше бидејќи од тогаш ја уништи целата сезона на клубот. Добро, не само тој, туку и неговите „катастрофални“ играчи.

Навивачите на Јунајтед веќе не се оптеретуваат со тоа кој е крив за очајните резултати, тие само сакаат хоророт да престане, но очигледно дека ќе мораат да ја почекаат следната сезона и неко нови играчи, односно, новиот тим кој ќе го состави Солскер.

Со вечерашните два примени голови,Манчестер дојде до бројка од 50 примени голови во Премиер Лигата што е најмногу од 1979 година па наваму, а до крајот има останато уште три натпревари.

Сепак ,покрај се, Јунајтед уште има теоретски шанси да дојде до четвртата позиција и некако да ја спаси сезоната. Во наредното коло, клубот од Олд Трафорд го дочекува Челзи и ако го победи ќе имаат еднакви бодови. Проблем претставува и Арсенал кој исто така е понапред на табелата.

До тогаш ќе се занимаваме со негативните рекорди кој ги постигна Норвежанецот. Неговиот Јунајтед ги изгуби седум од последните девет натпревари, што не се случило во историјата на клубот која трае веќе 57 години. За овој краток период, клубот на Црвените Ѓаволи испадна од ФА Купот, од Лигата на Шампионите а прашање е дали ќе бидат и на четврто место во Премиер лигата.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »