Тежок пораз: „Новиот“ Вардар потопен во Брест!


Вардар одлучи да отпатува во Белорусија на пресметката со Мешков Брест без голем број на првотимци и носители на играта, а тој експеримент го плати со убедлив пораз од 35-20.

Rpgnh-marko-mishevski

Овој пораз за „црвено-црните“ е втор во СЕХА лигата или трет во серија во сите натпреварувања. Истиот беше сосема очекуван со оглед на тоа што овој тим беше составен од играчи кои добиваат малку шанса за настап и од ракометари од вториот тим на Вардар јуниор.

Тоа го искористија домаќините, па така уште по првите 30 минути направија разлика од 10 голови (19-10), предност која дополнително ја зголемија во остатокот од мечот.

Јана Војводиќ со 5 голови беше прв стрелец кај Вардар, додека листата на погодоци кај Мешков ја предводеше Симон Разгор со 6 голови.


Skopje ID
[fbcomments]