Тарантино го избра актерот за улогата на Чарлс Менсон


Квентин Тарантино го избра актерот Дејмон Хериман за улогата на Чарлс Менсон во филмот „Once Upon a Time in Hollywood“.

heriman-770x470

Дејмон Хериман е познат од сериите „Justified“ и „Battle Creek“. Во филмот „Once Upon a Time in Hollywood“ ќе учествуваат многу ѕвезди – Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Дакота Фенинг, Марго Роби, Берт Рејнолдс, Емил Харш, Ал Пачино. Актерот кој ќе влезе во улогата на Менсон, сепак, досега не беше познат.

Деветтиот филм на Тарантино ќе биде пуштен на 26 јули 2019 година – неколку дена пред 50-годишнината од убиствата на актерката Шерон Тејт и уште четири лица.

„Once Upon a Time in Hollywood“ ја следи приказната на поранешната ѕвезда во телевизиски Вестерн – Рик Далтон (Леонардо ди Каприо) и неговиот дублер Клиф Бут (Бред Пит). Ал Пачино ќе влезе во ликот на Мартин Шворц, агентот на Далтон. Ал Пачино за првпат ќе работи со Квентин Тарантино, додека Ди Каприо и Пит земале учество во претходните негови филмови.


Skopje ID
[fbcomments]