Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2019

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на овогодишната Евровизија.

33-годишната пејачка беше избрана од страна на МРТВ и ќе настапи на големата сцена на музичката манифестација која ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Песната со која Тодевска ќе се бори за победа сè уште не е објавена.
Тамара по втор пат ќе нè претставува на музичкиот натпревар. Во 2008 година, таа настапи со Адријан Гаџа и Врчак со песната „Во име на љубовта“.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »