Сѐ е подготвено за историската средба: Трамп и Ким пристигнаа во Сингапур


Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, денеска прв пристигна во Сингапур во пресрет на историскиот самит со претседателот на САД, Доналд Трамп, објавија локалните медиуми.

ezDjO-trump-youtube-summit

Како што претходно беше објавено, Ким слетал на аеродромот „Чанги“ во Сингапур, по што се упатил кон хотелот „Сеинт Регис“, каде што ќе престојува неговата делегација. Светските медиуми објавија фотографии и видеа од неговото доаѓање.

Си-Ен-Ен објави дека и Доналд Трамп пристигнал во Сингапур, во недела навечер по локално време, 36 часа пред почетокот на историскиот самит. Тој исто како и севернокорејскиот лидер, бил пречекан од страна на сингапурскиот министер за надворешни работи, Вивиан Балакришнан.

Новинарите го прашале како се чувствува за претстојниот состанок, а Трамп одговорил „многу добро“. Потоа влегол во лимузината и заминал во хотелот.

Инаку, регионалните медиуми пренесоа дека на патот до Сингапур, авионот на американскиот претседател на кратко слетал во Грција, поточно во воздухопловната база Суда, во северозападниот дел на островот Крит. Претходно се шпекулираше дека Трамп би можел да излезе и да ги поздрави американските војници сместени во НАТО базата, но сепак претседателскиот авионот наполнил гориво и го продолжил патот без да ги отвори вратите.

Средбата на Трамп и Ким ќе се одржи во вторник, во девет часот наутро по локално време, во хотелот „Чапел“. Тоа ќе биде прва средба на севернокорејски лидер со американски претседател.

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја поздрави претстојната средба, како и напорите за решавање на кризата и додал дека и самиот е подготвен да се состане со американскиот колега.


Skopje ID
[fbcomments]